Разбирам дека маските се незгодни и непријатни. Но, не мислите ли дека е полошо што компаниите се затвораат, луѓето ги губат работните места, а здравствените работници се исцрпени…Овој вирус однесе многу животи затоа што не правиме доволно, вели во својата порака до фановите Џенифер Анистон.

Во инстаграм-постот на кој доби повеќе од 6 милиони лајкови за поддршка, актерката повика да се помогне во борбата против коронавирусот.

Јас навистина верувам во добрината на луѓето, така што знам дека можеме да направиме нешто заедно. Но, сепак, многу луѓе во нашата земја одбиваат да ги преземат потребните чекори. Луѓето се чини дека се загрижени поради тоа што им се одземени правата бидејќи треба да носат маска. Оваа едноставна и ефикасна препорака е политизирана на штета на животите на луѓето. И навистина не треба да се води дебата. Ако се грижите за човечкиот живот, ве молам … само носете ја проклетата маска и охрабрете ги оние околу вас да го сторат тоа, напиша Анистон.

 

View this post on Instagram

 

I understand masks are inconvenient and uncomfortable. But don’t you feel that it’s worse that businesses are shutting down… jobs are being lost… health care workers are hitting absolute exhaustion. And so many lives have been taken by this virus because we aren’t doing enough. ⠀ ⠀ I really do believe in the basic goodness of people so I know we can all do this 🥰 BUT still, there are many people in our country refusing to take the necessary steps to flatten the curve, and keep each other safe. People seem worried about their “rights being taken away” by being asked to wear a mask. This simple and effective recommendation is being politicized at the expense of peoples’ lives. And it really shouldn’t be a debate 🙏🏼 ⠀ ⠀ If you care about human life, please… just #wearadamnmask 😷 and encourage those around you to do the same ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on


Бројни познати личности одговорија во коментарите и ја поддржаа актерката, меѓу кои и Рис Витерспун, Дру Баримор, Џулија Робертс и Рита Вилсон, која заедно со сопругот Том Хенкс ја прележаа болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.