Веќе неколку години поранешната мекедонска пејачка Ноне Неделковска (32) работи на брод, а овој работен ангажан не и досади, па се уште патува низ светот по морски пат, само унапредена во менаџерка.

Во медиумите беше доста актуелна кога пред неколку години ја започна врската со црномурестиот Рајн, со кого работеа и заедно на крузерот, а исто така го донесе во родното Велес и го запозна со семејството и пријателите.

После извесен период парот стави крај на љубовта, а деновиве Ноне се пофали со новото момче. Станува збор за извесен Урош Терзија, а дека се среќни и заљубени потврда се фотките кои што ги споделуваат на социјалните мрежи каде позираат прегрнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.