Пејачката Викторија Лоба има нов имиџ! Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса ѝ е заштитен знак, после долги години реши да ја скрати. Со новата фризура се пофали на социјалите мрежи каде собра низа позитивни реакции и коментари и сите и порачаа дека изгледа одлично.

Неодамна Лоба сликаше и фотосесија за нов бренд за костими за капење, а првата фотка која што ја објави на која позира во бикини наиде на позитивен фидбек и сите беа воодушевени од нејзината линија за која што мораме да признаеме дека ја има доведено до совршенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.