Денеска е роденден на постарата ќерка на Шабан Шаулиќ, Санела, која наместо да слави, со болка во срцето ќе го подготвува погребот на својот татко.

Шабан, кој почина во стравичната несреќа во Германија на 17 фервуари, непосредно пред заминувањето во Германија, со сопругата Гордана Шаулиќ подготвувал прослава за роденденот на Санела.

Имено Санела Шаулиќ е родена на 21 февруари и денеска требаше да го слави роденденот со најблиските. Но трагедијата ги зави во црно и единствено што таа барала е погребот да не биде на денешен ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.