Пред три дена српската полиција го уапси Дарко Лазиќ откако за време на полицискиот час бил фатен надвор од домот. Пејачот во својот автомобил бил со уште двајца пријатели, а полицијата го застанала во близината на Шабац, доцна вечерта.

Тие му напишале казна од 80 илјади динари (околу 700 евра) за непочитување на мерките против коронавирусот.

Лазиќ неколку години нема возачка дозвола, која му беше одземена поради многуте прекршоци. Тој без возачка дозвола возеше и ноќта кога ја доживеа тешката сообраќајка во октомври 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.