Дваесетичетиригодишната пејачка Камила Кабељо и 22-годишниот колега Шон Мендез биле фотографирани на плажа во Мајами, каде сите очи биле вперени кон Камила. Кубанско-американската пејачка самоуверено ги покажа вишокот килограми и целутитот, но очигледно таа не го смета тоа за голем проблем и за разлика од повеќето нејзини колешки, не е преоптоварена со изгледот.

Кабељо шетала по плажата и одлично се забавувала со момчето Мендез и нивната пријателка.

Интересно е што пејачката често го галела својот стомак, што дополнително поттикнало гласини дека е бремена.

Иако таа не обрнувала внимание дека ја фотографираат во вакво издание, нејзините фотографии веднаш ги преплавија светските медиуми и социјалните мрежи.

„Што ѝ се случило на оваа девојка?“, „Карантинот е виновен“, „Во шок сум“, гласат коментарите на социјалните мрежи, но има и такви кои застанале во одбрана на Камила:

„Престанете да го срамите телото на Камила и да прашувате што не е во ред со Шон Мендез што излегува со неа. Да се има малку прекумерна тежина е сосема нормално“.

Инаку Камила и Шон ја започнаа својата врска кон почетокот на 2019 година. Некои тврдат дека тие се заљубиле и претходно еден во друг, само добро го криеле тоа со своите музички соработки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.