Аљоша Вучковиќ(71) е еден од оние уметници кои го одбележаа југоловенското глумиште, а посебно се паметат неговите улоги во популарните тв серии: Враќање на отпишаните и Подобар живот. Во богатата кариера остварил повеќе од 70 улоги и секоја е на свој начин впечатлива. Актерот денеска наполни 72 години, но веќе не глуми.

Аљоша веќе извесно време го нема во новите остварувања, а целосно се повлече и од јавниот живот. Главната причина за повлекувањето на Вучковиќ е тешка болест со која актерот се бори веќе извенсо време. За тешката состојба на популарниот актер сведочат и фотографиите кои настанале пред неколку месеци, за време на едно од неговите ретки појавувања во јавноста. Аљоша бил на лекување во една од белградските болници, но пуштен е на домашно лекување. Тој живее со сопругата Едита и двете ќерки Леана и Сара.

Ништо не работам и не можам да работам. Болен сум и не се чувствувам добро, тоа е причината зошто не глумам. Покрај се, малку ме фати и настинка – рекол Вучковиќ со тежок глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.