Британската пејачка Мутја Буена имаше 13-години кога се придружи на „Шугарбејбс“, женскиот бенд кој доживеа светска слава, а имаше и бесплатен концерт за скопјани на плоштадот „Македонија“ во 2008 година.

Oваа родена лондончанка со филипински и ирски корени, поради љубовта кон тетоважите и пирсовите секогаш важеше за најоткачениот член на бендот, но по бројните естетски зафати, Буена сега е потополно изобличена.

Првпат под нож била на 25 години, кога ги зголеми задникот и градите. Но, денеска, 34-годишната Буена е непрепознатлива.

Моето семејство никогаш не ги сакаше моите зафати, мислат дека сум луда, но јас сакам промени, таква сум, сакам екстремност, своевремено изјавила Мутја.

Како што пренесува „Дејли мејл“, некогашните обожаватели се шокирани од нејзиниот пластичен изглед.

Страшна е…Штета, толку млада, а толку уништена, коментираат тие.

 

View this post on Instagram

 

Reflection #hervissagetshitched

A post shared by mutya buena (@official_mutyabuena) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.