Пратеникот и портпарол на СДСМ, струмичанецот Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија Десанова, со која подолг период е во врска.

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам, од овде до небото и назад – објави Костадинов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.