Пејачот Дарко Лазиќ, кој за помалку од еден месец треба да стане татко по втор пат, ја оставил трудната свршеница Марина Гагиќ, која е во деветтиот месец од бременоста.

Како што дознава српски Телеграф, Марина веќе еден месец престојува во семејната куќа на своите родитлети, бидејќи Дарко и соопштил дека не планира да се жени, туку само да го признае детето. Според тврдењето на упатените, нивните несогласувања почнале по неговото излегување од болница и неговите повторни ноќни излегувања, за време на кои конзумирал алкохол, што Марина буквално ја излудувало.

После последната караница Марина ги собра работите и се врати кај нејзините. Таа веќе не можеше да издржи Дарко да се враќа доцна ноќе, од забави кои му штатат на здравјето. Сто пати му кажа дека на нивното дете му е потребен здрав татко, кој ќе се грижи за нив, а не пијнаица – вели упатен извор.

За време на караницата Дарко и кажал да си ги собере работите и да оди дома, бидејќи секако не планира да се жени, но детето ќе го признае.

Марина во солзи се спакувала и заминала-додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.