Факт е дека тоа беше непрофесионално од моја страна и тоа е единствената работа која нема никогаш да си ја простам, рече Тамара Тодевска во интервју за „Репортер“, откако беше прашана за моментот кога го згреши текстот на македонската химна.

Јас бев убедена дека химната ја знам, а всушност не сум ја знаела. Јас си излегов на сцена и почнав да си пеам од срце и од душа, но ете, во еден момент работите тргнаа на друга страна. Како и да е, се надевам дека со тек на време народот ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина не знам што повеќе да направам за да докажам дека тоа не беше политички договор или продажба на мојата индивидуа, рече Тодевска.

Таа додаде дека во тие моменти се чувствувала многу лошо и дека затоа ги откажала сите концерти.

Јас мислам дека и сега повеќето луѓе ме пцујат, а и коментарите ќе бидат во насока на тоа дека сум ја продала својата земја, рече Тамара.

Целото интервју тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.