Деновиве низ естрадните кулоари се зборува дека фолк-пејачката Сузана Гавазова си купила чкарт чанта од Бит-пазар, со која се фали пред фановите и пријателите.

Силно погодена од оваа лага, Гавазова си ја отвори душата:

Претпоставувам од кои извори потекнува оваа дрска лага, но јас не сакам да демантирам, туку да им ја кажам на сите луѓе вистината. Од Бит-пазар секако дека не купувам чанти за 600 долари. Не дека ги потценувам луѓето кои таму чесно заработуваат за живот, токму напротив јас им се восхитувам на тие луѓе. Моите финансии ми дозволуваат да си купувам на некои други места било каде во светот. Чантата поради која се крена медиумски прав е купена во Цирих во Швајцарија за 1.300 евра, изјавила пејачката за Вечер.

Целата вистина за чантата на Гавазова прочитајте ја на Вечер.пресс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.