Со месеци се шпекулира за тоа што се случува со кариерата на Северина, особено откако ја раскина соработката со менаџерот Томица Петровиќ и откажа концерти.

Регионалните медиуми пишуваа дека Северина ја прекинала соработката и со другите соработници, а единствено нејзиниот соработник за односи со јавноста Давор Гргин демантираше.

Кон крајот на март српските медиуми пипуваа дека во улога на менаџер го ангажирала сопругот Игор, но по само четири месеци пишуваат дека сопружниците повеќе не се и соработници.


На официјалниот профил на Фејсбук на Северина сегаа пишува дека генераален менаџер ѝ е Ален Кључе, а букинг агент Антонела Беламариќ.

Сметам дека на секои пет години човек треба да прави некои нови работи. јас не го правев тоа. Јас сум жена која… Во секој случај, секогаш е потребна промена. Додушша, сите бевме колективно болни, требаше да одмориме за да можеме да продолжиме со нова енергија. И она што е добро е што тааа енергија е тука, изјавила Северина за Индекс пред неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.