Српскиот весник „Вечерње новости“ го откри идентитетот на возачот кој под дејство на алкохол ја предизвика сообраќајната несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ.

Се работи за 35-годишниот Алсин Левент, Турчин кој нема германско државјанство. Возачот се води како уапсен, но не е во затвор, туку во полница со полесни повреди. Тој е под постојана надлежност на полицијата, вели изворот за српскиот весник.

Покрај тоа што возел пијан и без возачка дозвола, сега е познато и дека Левент не го поседувал автомобилот со кој управувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.