Прекинувањето на врската меѓу Шакира и Жерар Пике, поради, како што беше обајвено, неверство од страна на фудбалерот, предизвика голем интерес во светската јавност.

Сепак, поранешниот сопруг на една од сестрите на Шакира, Роберто Гарсија, открива дека главната причина за раскинувањето на славната двојка всушност не било изневерувањето, туку расправија околу пари.

Како што тврди тој, Пике побарал заем од Шакира за да ги вложи парите во некој бизнис, а таа го одбила по совет на нејзините родители кои и рекле дека такво нешто „не би било многу паметно“.

Според она што ми го кажа еден нивен многу близок, меѓу нив двајца има економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира за разни инвестиции, а семејството на Шакира одбило да ги даде. Тие не ги мешаат своите пари – вели Гарсија за „ЕСдиарио“.

Тој исто така тврди дека пејачката никогаш немала намера да се омажи за фудбалерот.

Шакира се фокусираше на Пике бидејќи сакаше тој да биде татко на нејзините деца. Знаеше дека никогаш нема да се омажи за него – додава поранешниот зет на колумбиската пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.