Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела од 18:30 часот на „Канал 5“ со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.

Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци, раскажа Наум.

Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.

Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.

Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум :

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.