Наташа Беквалац во разговорот со еден српски портал ги откри своите новогодишни желби, но се пошегува на сметката на емотивниот живот.

Јас завршив со проширувањето на семејството и на таа приказна ставив точка. Доста е од мене. Ма, немојте да ме зае‘авате, какви момци? Немам јас време за тоа… Посакувам ќерките да ми се убави, добри, паметни и здрави, а себеси си посакувам само концерт“, изјави Наташа.

Инаку, ново животно мото и’ е да не гледа наназад.

Јас ништо не би чепкала тука. Ме мрзи да размислувам, да ја сумирам годината зад мене… Она што не морам, јас не би го правела (се смее) Не гледам наназад. Важно ми е само она што го правам во моментот и во него уживам максимално“, искрена е пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.