Скоро пет месеци по трагичната смрт на балканската ѕвезда Шабан Шаулиќ (67), обвинителството во Билефелд, Германија, покрена обвинение против возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загинаа пејачот и музичарот Мирсад Кериќ.

Турчинот Алсин Левент (35) наскоро ќе треба да одговора за двојно убиство пред регионалниот суд. Во обвинението се тврди дека Левен возел без возачка дозвола на денот на несреќата, и под дејство на алкохол и наркотици во украдена „мазда“ предизвикал сериозна несреќа на рутата А2 во близина на градот Гитерлох.

Адвојкатот на Левент, кој помина три месеци во притвор, тврди дека неговиот клиент живее во страв бидејќи добива закани.

Кумот на Шабан Слободан Боби Стојадиновиќ, единствениот кој се спаси во страшната сообраќајка, сè уште се опоравува. Тој не сакал многу да ја коментира тужбата, а за српски „Курир“ изјавил само дека сè уште не започнал со рехабилитација бидејќи организмот не му е подготвен за потполно оздравување.

По повод тужбата која била поднесена против Турчинот, се огласи и семејството Шаулиќ.

Имаме доверба против во правниот систем на Германија и очекуваме дека човекот кој ја предизвика несреќата на Шабан и Мирсад и нанесе тешки повреди на Бобан ќе биде соодветно казнет. Нашиот татко и сопруг нема да биде вратен, но очекуваме дека правдата ќе биде задоволена, порача ПР службата на семејството Шаулиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.