Алка Вуица, која сега има 59 години, важи за една од најпопуларните пејачката во регионот, како поради нејзините хитови и така и заради бурниот љубовен живот.

Алка моментално живее во Сараево, а иако е на прагот на седмата деценија и нема проблем да го покаже своето тело, па дури и да објави топлес фотографии.

Вуица ја заинтригира јавноста уште од моментот кога се појави на сцената. Нејзина прва љубов беше тапанарот на групата „Сребрени крилја“, Ади Караселимовиќ. Таа имаше 18 години и го запозна во клубот „Сцена“, а емоциите веднаш се разгореа. Тој беше нејзината прва голема љубов и таа врска траеше четири години.

Како што пишуваа медиумите, откако раскина со Караселимовиќ, таа беше со Горан Бреговиќ и Бајага. Медиумите шпекулираат дека тие биле нејзини љубовници, а Бајага дури и посветил две песни, „Зажмури“ и „Са друге стране јастука“.

Подоцна, Алка ја шокираше јавноста признавајќи дека таа и познат оженет фудбалер биле во вонбрачна заедница. Алка Вуица учествуваше и во српското реално шоу „Парови“.

Исто така, Вуица неодамна го привлече вниманието на јавноста кон себе велејќи дека експериментирала со ист пол во својата младост.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.