Синот и ќерката на трагично настраданиот пејач Шабан Шаулиќ, Санела и Михајло Шаулиќ, вчера попладнето отпатуваа во Германија како би го превзеле телото на настраданиот татко, кое денеска, а најдоцна утре треба да биде донесено во Србија.

Според сознанијата од извор блиозк на семејството Шаулиќ, постојат два начина неговото тело да се пренесе во Србија, а договорено е тоа да биде најбрзиот и најефикасниот начин.

Санела и Михајло се таму, сите се на врска со нив. Постоеја две варијатни, телото да биде донесено со автомобил, а тие двајцата да се вратат со авион. Меѓутоа како што слушнав, сепак телото на Шабан ќе биде пренесено со авион, со редовен лет. Не може точно да се каже кога ќе биде тоа, денеска или утре. Би требало денска, но ако успеат да ја завршат сета потребна документација, знаете тоа се сериозни процедури таму. Но знам дека телото ќе биде донесено со авион, со кој ќе се вратат и децата на Шабан – раскажал извор близок на Шаулиќ.

Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на новите гробишта, а точниот датум на погребот ќе биде дополнително објавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.