На денешен ден, 18. септември, пред 34. години, двајца членови на една од најпопуларните и најнадежни групи на Балканот „Црвена јабука“ загинаа во сообраќајна несреќа.

Членовите на бендот, тој кобен ден, тргнале на својата прва турнеја во Мостар, но им се случи  тешка несреќа на патот од Сараево.

Басистот на групата, Аљоша Буха, загина на лице место, додека фронтменот и еден од основачите на групата, Дражен Ричл, се здоби со тешки повреди, на кои им подлегна на 1. октомври 1986. година.

Пет Сараевчани, двајца Дражени, Златко, Аљоша и Дарко, ја сочинуваа првата постава на „Црвена јабука“.
Сараевската поп-рок група „Црвена јабука“ е основана во 1985. година од Дражен Ричл Зијо и гитаристот Златко Арсланагиќ Злаја, а на нив им се придружија и Дражен Жериќ Жера, Аљоша Буха и Дарко Јелчиќ Цуња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.