Семејството Шаулиќ, блиски роднини и пријатели утрово го посетија вечното почивалиште на кралот на народната музика.

Гробното место на некрунисаниот крал е селото прекриено со многу венци, но она што му падна во очи на сите е еден детал да гробот, кој што никој не знае кој го оставил.

Имено, некој од присутните вчера за погребот оставил списание „Сабор“ на кој што на насловната се наоѓаат Гордана и Шабан и тоа пред околу 40 години.

Станува збор за фотографија од нивната венчавка, од самиот почеток на нивната љубов, а кога тоа го видела Гордана веднаш почнала да плаче на цел глас.


Исто така на насловната се гледа дека списанието е со посвета и дека ваквиот спомен доаѓа од Сенице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.