Српската пејачка Тања Савиќ, по четири месеци молчење, одлучи да го пријави сопругот Душан Јованчевиќ за киднапирање на синовите Максим и Ѓорѓе, за што тој може да биде осуден и на 30 години затвор.

Како што пренесуваат српските медиуми, Тања од мај се обидела на мирен начин да го реши спорот со сопругот за да нема последици, но сега по секоја цена одлучи да се бори за децата.

Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе се реши проблемот, но откако ѝ забрани да се слушаат по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат испрати пријава во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за прaвда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат сè за да ѝ ги вратат децата, вели соговорник близок на Тања.

Тој додава дека жените во Австралија се многу заштитени и дека пејачката ќе ги добие децата за неколку дена. Како што вели соговорникот, единствен проблем е што децата се државјани на Австралија, а Тања сака со нив да живее во Србија.

Тања потврди дека започнала борба за старателство на децата.

Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца, не можам туку-така да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош, вели Тања.

Таа е свесна дека на сопругот му се заканува голема затворска и финансиска казна.

Мојот сопруг ми направи најлошо нешто што може да се направи на една мајка – ми ги зеде децата. Тоа не смееше да го направи бидејќи не е човечки, а и со закон е забрането. Јас сакав сè да направам за него, го штитев, но ги помина сите граници, вели пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.