На српскиот пејач Дарко Лазиќ здравјето повторно сериозно му е нарушено, поради моменталната тежина.

На Дарко му откажуваат виталните органи. Најзагрозени му се бубрезите и срцето. Постојано го притискаат градите и се гуши, а го боли и целата лева страна. Тој може да ослабне, но салото ќе остане да му виси, затоа најдобро решение е да ја промени исхраната и да оди на липосукција. Едноставно, сè подебел и подебел е, вели негов пријател за „Свет“.

Тој додава и дека толкав притисок не можат да издржат ни неговите колења, ни нозете, а камо ли вештачкиот колк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.