Највлијателен млад тиктокер во Македонија е Александар Динев, момчето од Валандово, кое го следат скоро 150 илјади луѓе, пишува „Хаштаг“.

Но, кога е оваа социјална мрежа во прашање и бројот на следбеници, има една Македонка која се издвојува од другите. Станува збор за пејачката Оливера Ѓоргоска од Прилеп, кога пред десетина година беше доста популарна, а јавноста подобро ја запозна преку музичкото натпреварување „Моја ѕвезда“.

Оливера десетина години живее во САД, каде освен што работи како професор во Музичката академија во Лас Вегас, таа е активна на социјалните мрежи. Имено, Оливера на својот ТикТок профил има повеќе од 790 илјади следбеници, а како што стојат работите, оваа Македонка наскоро ќе се пофали и со милион.

Повеќе на „Хаштаг

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.