Од петок во киносалите низ светот премиерно ќе биде прикажан „Ад Aстра“, новиот филм со Бред Пит, во кој актерот глуми астронаут. Честа први да го изгледаат филмот, за кој на Пит уште сега му претскажуваат „Оскар“, ја имаше екипажот на Меѓународната вселеснска станица.

По тој повод, Пит завчера оствари контакт со астронаутите на Меѓународната вселенска станица и разговараше со астронаутот Ник Хаг, а целиот разговор го пренесуваше НАСА ТВ.

За време на скоро 20-минутниот разговор, двајцата разговарале за голем број теми поврзани со истражувањето на вселената. Покрај тоа, Пит го прашувал астронаутот за тековните проекти на кои работи, а тој му рекол дека се приближува кон крајот на својата 200-дневна мисија и се враќа на Земјата на почетокот од следниот месец.

Тие разговараа и за претстојниот проект „Артемис“, „Патување до Месечината“, во кој првата жена треба да слета на природниот сателит на Земјата. Во еден момент, Пит на шега го праша Хаг кој подобро се однесуваше како астронаут, тој или Џорџ Клуни („Гравитација“, 2013).

Хаг одговори низ смеа и потврди дека Пит е подобар астронаут.

Ник, ви благодарам многу. Беше апсолутно задоволство, ми се оствари сонот. Не можам да дочекам да им се фалам за децата, му рекол Пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.