По веста дека пејачката Емина Јаховиќ го тужела бившиот сопруг Мустафа Сандал затоа што 26 месеци не плаќал алиментација за синовите Јаман и Јавуз, и пејачот ѝ возвратил со тужба за старателство врз Јаман и Јавуз бидејќи таа не е подобна мајка.

Турскиот пејач во тужбата навел дека поранешната сопруга повеќе време посветувала на козметичката линија отколку на синовите, како и дека за децата, наместо мајката, се грижат дадилки.

Мустафа полуде кога му стигна тужбата од Емина за неплаќање алиментација. По разводот, тој ги помагаше финансиски Емина и децата, но престана кога сфати дека таа заработува повеќе од него. Емина од тогаш не му побара ниту евро, но неодамна пресече, го тужеше и за тоа зборуваше во медиумите, рекол извор близок до поранешната двојка и додал дека поранешните сопружници разговараат само преку адвокат.

Мустафа не сака никаков контакт со Емина, па му рекол на адвокатот дека и тој сака да ја тужи. Сандал во тужбата навел дека Емина е невнимателна мајка бидејќи синовите ги остава на дадилките додека таа патува и целото време го посветува на козметичката линија. Затоа сака да ѝ го одземе старателството, додал изворот.

Пејачката не сакала ниту да ги потврди ниту да ги демантира овие наводи, но рекла дека е тажно што по толку години, имаат таков проблем.

Законот во Турција сериозно ги штити жените, затоа е добро што се се случува овде во Турција, а не во Србија. Веројатно на крајот некако ќе се договориме, рекла Емина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.