Дека љубовта не знае за граници, докажа и пејачката Снежана Ѓуришиќ. После бројни афери во кои наводно учествувало нејзиното момче, гинекологот Вања Милошевиќ, таа решила да замижи и се да му прости.

Во прилог на тоа говори фактот дека наскоро ќе застане на лудиот камен и дека ќе се омажи за него. Како што тврди пријател близок на Милошевиќ, тој е подготвен да ја побара за жена својата драга.

Како наполнета пушка е. Вели дека сака да се жени. Ми раскажа како планира да ја изненади. Тој ќе ја закаже венчавката и ќе и купи дијамантски прстен. Баш донел цврста одлука и мислам дека ништо нема да го поколеба. Ми рече дека му е мака од афери и дека сака да се ожени со образувана, убава, одмерена и скромна жена каква што е Снежана – открил пријател на Вања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.