Емина Јаховиќ зад себе го остави бурниот период. Пејачката најпрво се разведе од својот сопруг, Мустафа Сандал, најде  ново момче, турскиот милијардер Садетин Саран, со него раскина, па пак се смири. А како што сама истакнува, не е се онака како што изгледа.

Имав многу бродоломи и тоа се гледа низ песните. Јас можеби делувам среќно, ама во мене постoи нешто друго. Тоа е тоа што се слуша низ песната, таа песна е 100 насто моја – рекла Емина.

Емина раскажа дека многу нешта поднела до сега и дека сето тоа е составен дел од животот.

Јас едноставно сум живо суштество, можам да поднесaм многу нешта и поднeсов многу работи. Животот не е отсуство на проблеми, животот е способност да се носиш со нив – рекла Емина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.