По тешко боледување, на 67-годишна возраст почина пејачот Маринко Роквиќ.

Тажната вест ја потврди и неговиот син, исто толку популарниот Никола Роквиќ.

„Ве молам, имајте разбирање. Ќе се слушнеме подоцна. Точно е дека почина. Ви благодарам што се јавивте и изразивте сочуство, сега не можам да зборувам“, изјави тој за српскиот портал „Нова“.

Колегите на Роквиќ со неверување ја примија информацијата за неговата смрт, иако беа запознаени дека од неодамна е хоспитализиран и дека веќе подолго време се бори со бактерија која му го нападнала организмот.

„Не можам да поверувам дека повеќе го нема. Ова е страшно. Му благодарам за се’, мое најискрено сочуство до семејството. Беше голем пејач, голем човек и пријател. Знам дека имаше здравствени проблеми, но мислев дека ќе ја надмине оваа состојба и дека уште долго ќе живее“, вели Мирослав Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.