Дваесет и едногодишната Милијана се ожени за нејзината љубов – 53 години постариот Милојко. Двојката која со месеци е хит во регионот, ја направи својата свадба во саботата во нивното село Пожега во Србија.

На свадбата не дојдоа децата на Милојко од претходниот брак, ниту родителите на невестата. Тие се потпишаа само во матично, затоа што црквата не им дозволи венчавка поради разликата во нивните години.

Целата венчавка беше многу весела, луѓето танцуваа, со нетрпение ја очекувавме. До 2 часот останавме во ресторанот и се вративме дома околу 3 часот наутро. Плачев од среќа, не плачев вистински, туку испуштив неколку солзи, зашто моите родители не беа таму, само мајка ми ми испрати порака. Не сакам да објавам јавно што ми напиша, рече Милијана за „Блиц “.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.