Пејачката Милица Тодоровиќ е позитивна на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Последните неколку денови Милица го помина времето во друштво на Славица Чуктараш за која денес се потврди дека е исто така позитивна на коронавирусот.

Направив тест во исто време со Славица затоа што последните денови бевме заедно, а истиот е позитивен, вели пејачката.

Таа додава дека до вчера се чувствувала добро и не знаела дека има коронавирус, а денеска започнала да ги чувствува првите симптоми и температура.

Во куќна изолација сме со Славица и се придржуваме на се што ни кажа докторот, така ќе остане додека не се чувствуваме подобро и додека немаме негативни тестови, вели Тодоровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.