Судијката Теа Голуб, која во случајот за старателството врз синот на поранешните сопружници Северина Којиќ и Милан Поповиќ, на изненадување на целата балканска јавност пресуди во корист на таткото, престојувала во истиот луксузен ресорт во Австрија, каде што во исто време бил и Поповиќ.

Како што тврди судијката, таму претстојувала со сопругот и ќерката, додека Поповиќ бил на скијање со синот Александар.

Случајно се сретнавме во хотелот на вечерта. Јас бев со семејството, а тој со детето и друго поголемо друштво. Се поздравивме 4-5 пати, бидејќи бевме во ист хотел и ресторан, па често се среќававме, изјавила за хрватските медиуми.

Српскиот милионер, за хрватските медиуми, рекол дека е среќен што тој и синот имале незаборавен одмор.

Јавноста коментира дека нема шанси од толку ски-центри во Австрија, судијката и Милан се погодиле во ист, и тоа во ист временски период.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.