Водителката Миа Костова бурно реагира на вчерашните најави на министерот за здравство Венко Филипче дека се размислува во затворени простори и поголеми настани да може да се влегува само со доказ за вакцинација.

Ако ме видите по театри, кина и масовни собири, бегајте! Неам сертификат за вакцинација нит ќе имам, со врски ќе влагам ко и пола народ, што е пракса секаде, секогаш на било која тема у Македонија. Далеку е подлабок проблемот од невакцинираната популација. А со обзир на тоа што вакцината ќе биде сензонска и секоја год ќе треба да се прима јавете ми до коа ќе трае ‘барањето за сертификат’ 🙄 Малце ми се плаче малце ми се блуе.
Срдечно, антиваксер кој не верува у теории на заговор, авиони со прашкаста материја, чипови и лажици што стојат на рамо, вели Костова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.