Принцот Хари и Меган Маркл купиле куќа во Монтесито кај Санта Барбара, скапиот крајбрежен град северно од Лос Анџелес.

Војводата и војвотката од Сасекс, кои ја напуштија британската кралска должност минатата година, претходно живееја во родниот град на Меган, Лос Анџелес, каде што набрзо влегоа во судска постапка поради нелегално направени фотографии на нивниот син Арчи.

Двојката се пресели во семејниот дом во јули годинава. Тие се надеваат дека нивната приватност ќе се почитува заради нивните соседи, но и заради нив како семејство – вели нивниот портпарол за АФП, без да прецизира локацијата на куќата.

Според медиумите „Пипл“ и „Пејџ сикс“, нова куќа на Хари и Меган е на подрачјето на Санта Барбара околу 150 км северно од Лос Анџелес. Во тој град живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис.

Имотот во Монтесито, кој вклучува куќа со девет спални соби и 16 купатила, базен, игралиште и градина со рози, чини 14,7 милиони долари.

Тие сакаат да го одгледаат Арчи таму и се надеваат дека ќе имаат што е можно понормален живот – изјавил анонимен извор за „Пејџ сикс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.