Дарко Лазиќ имаше операција на желудникот на почетокот на 2020 година, по што изгуби голем број на килограми.

Пејачот стана предмет на потсмев и навредливи коментари, па истакнува дека на народот не може да му се угоди.

Ослабнав 88 килограми. Сакам да ослабам уште 10 килограми. Сега во коментари ми пишуваат дека сум анорексичен, а не им чинеше, кога, како што велеа, бев дебел вепар. Не им одговара ни сега кога сум слаб. Веројатно ќе им одговарам кога ќе престанам да дишам – вели Дарко.

Јас се чувствувам никогаш подобро, никогаш поубаво, никогаш посреќно. Колку мојата здравствена состојба пред операцијата беше лоша, зборува и тоа што пиев апчиња за притисок наутро и навечер. После операцијата не пијам апчиња воопшто. Спијам малку, а полн сум со енергија, живот и волја, рекол тој.

Освен тоа, тој низ смеа вели дека сега јаде најмалку во семејството, иако до пред една година јадел најмногу.

Дури и син ми Алексеј јаде повеќе од мене. На пример, тој јаде едно и пол јајце, а јас половина – раскажал пејачот во Шок ток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.