Мартин Филиповски од дуото „Некст Тајм“ го истетовира својот брат-близнак Стефан на својата лева рака. Автор на тетоважата е познатиот тату-мајстор Горан Мичиќ, кој важи за еден од најдобрите мајстори на овој занает тука, но и пошироко.

Оваа идеја долго време ми се вртеше низ глава и ете, дојдое моментот да ја ставам. Мислам дека е оргинална идејата, а Стефан не се бунеше воопшто кога му кажав дека сакам да го истетовирам, низ смеа изјавил Мартин за „Убавина и здравје“.

Сега останува дали Стефан ќе возврати со иста мера, односно дали и тој ќе го истетовира брат му Мартин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.