Марина Туцаковиќ, веќе три години храбро се бори против ракот на дојка, но иако прави сѐ за да ја победи болеста, сепак, не може да се откаже од некои пороци.

Како што таа самата вели, иако сѐ уште не е излекувана, не се откажува од цигарите и пијалаците. Марина вели дека ги следи советите на лекарите, но не сака да дозволи болеста да ѝ биде целокупна животна преокупација.

Откако дознав која е мојата дијагноза, целосно им се препуштив на лекарите. Не сакав да се мешам во нивната работа ниту секунда. Не сум истражувала за мојата болест, а секое одење на лекар го доживувам како излегување во град. Што е, тука е. Одиме понатаму. Нема да дозволам ракот да биде целиот мој свет – вели Марина за српските медиуми.

Таа признава дека понекогаш знае да испие чаша алкохол и да испуши цигара.

На болеста гледам како на нешто што ми се случува во моментов. Работам колку што можам, не се откажав од готвењето, шопингот, патувањата, како ниту од алкохолот. Сакам да се напијам чаша ракија или пиво, додека престанав да пушам извесно време, но повторно почнав. Кога пушам, повлекувам од цигарата два пати и ја гасам. Кога се чувствувам подобро, пушам, но не сум страстен пушач кој не може без никотин – вели Туцаковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.