Вереницата на Дарко Лазиќ само што не се породила, но српските медиуми пишуваат дека меѓу нив двајца не цветаат рози. Наводно, тоа што српскиот пејач им се вратил на пороците, ја натерало Марина Гагиќ да се врати во домот на родителите.

Гласините дека двојката веќе не е заедно ги подгреа и самата Марина, која на „Инстаграм“ ја сподели оваа порака:

Водете сметка за тоа кому му го подарувате вашето време, приказна, себе, својот живот. Еден ден ќе ви биде криво и ништо по тоа прашање нема да можете да направите. Едноставно, некои луѓе не се вредни. Времето најдобро ќе ви го покаже тоа, затоа што додека вие се јадете во себе, на нив ќе им биде сеедно, стои во „Инстаграм“ приказната на Марина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.