Српскиот фолкер Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ се разделуваат поради повеќе проблеми, пренесуваат српските медиуми. Откако повторно се скарале, таа демонстративно го отследила од сите социјалните мрежи, иако тој уште ја следи.

Честопати се расправаат за неговиот начин на живот. Тој постојано прави што сака, без да размислува за последиците, а секој негов непромислен потег завршува на насловните страници. Марина е многу нервозна, сфати дека не може повеќе вака и дека е готово, вели извор за српски „Курир“.

Вереницата на Дарко ги избриша сите нивни заеднички фотографии од „Инстаграм“, па сега на нејзиниот профил може да се најдат само слики со нивниот син Алексеј, па евидентно е дека Марина реши да сврти нов лист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.