Судењето за старателството над Алексеј, по повод тужбата на Марина Гагиќ против нејзиниот бивш партнер Дарко Лазиќ, вчера се одложи бидејќи српскиот пејач не се појави. Гагиќ пред новинарите изјави дека знаела дека тој нема да се појави на судењето и дека ќе го одложува целиот случај.

На прашање од новинарите, дали се бори за неплатените алиментации, таа кажа дека многу поважно ѝ е да добие целосно старателство над синот, бидејќи смета дека е далеку подобар родител од Лазиќ, повеќе време поминува со нивното заедничко дете, додека „грижливиот татко“ во моментов е во Египет, на меден месец со неговата нова љубов, новосадската пејачка Барбара Бобак.

Го прокоментира и моментот што Дарко Лазиќ изјави за медиумите дека го зела целиот мебел од нивната заедничка куќа, но тој не ѝ се налутил.

Марина вели дека се тоа работи кои ги купуле нејзините родители за да им помогнат, иако не морале, но сакале да го сторат тоа. Па кога се разделиле, отишла да си ги земе работите кои таа ги донела, бидејќи планирала да гради куќа за неа и нејзиното дете, па ѝ биле потребни да ја опреми истата, а тие парчиња мебел не биле воопшто евтини, вели таа.

Следното рочиште е закажано за наредниот месец, Марина се надева дека тогаш пејачот ќе се одважи на поканата, и ќе дојде за овој случај што побрзо да се реши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.