Љубовниот живот на најголемиот заводник на Балканот, Здравко Чолиќ, пред бракот со Александра бил навистина бурен и според зборовите на тие кои се дружеле со него во тоа време, жените буквално му се фрлале пред нозе.

На медиумите Чола им откри како ја загубил невиноста, но за првата љубов, актерката Јасна Орнели Бери (Jasni Orneli Berry)  ретко говори. Сепак деталите за нивниот однос ги отки таа и раксажа дека додека биле многу млади во Сараево се вљубиле.

Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него, рече Јасна во една емисија.

Таа во времето кога се забавувала со Чолиќ била една од најубавите сараевски девојки, а публиката ширум регионот денеска ја знае како ѕвезда на филмовите „На пат“, „Грбавица“, „Нафака“, но и од „Земја на крв и мед“ кој го режираше Анџелина Џоли.

Прв пат после војната се сретнавме во Белград. Тоа беше мошне трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денес. пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Noć mi te duguje” која сам ја напиша, раскажа Јасна. Не можам да кажам дека бевме во врска или се забавуваме. Тоа беше посебен однос, кој и денес трае. Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја погалите или да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј, вели неговата поранешна љубов која и понатаму има силни емоции кон популарниот пејач.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.