Средновековната тврдина Форт Брегансон, која се наоѓа остров во близина на францускиот брег, е официјално одморалиште на претседателот на Франција уште од 1968 година, па во нејзината магија ова лето уживаше и 43-годишниот француски претседател Емануел Макрон со неговата 68-годишна сопруга Брижит.

Иако на прагот на седмата деценија, француската прва дама во едноделен црн костим за капење, со детаљ на деколтето и прерамки во сина боја, покажала исклучително тенка фигура и дека внимава на својата линија.

Брижит уживала во друштво на две дами на плажата, а нејзиниот сопруг, облечен во сини шорцеви со бели детали, за тоа време уживал возејќи џет ски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.