реза Кесовија откри дека им пеела на Емануел Макрон и Французите на свечениот ручек во загрепската Еспланада.

Тереза ја испеала француската шансона „La Chanson de Lara“, која Макрон можел да ја слушне на ручекот на кој присуствувале околу стотина познати Хрвати.

Инаку, Тереза Кесовија не е само пејачка дива во Хрватска.

Таа била и останала легенда во Франција која го носи францускиот медал Офицер од редот на уметноста.

Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера.

Француската кариера на Тереза Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала „La Chanson de Lara“ од филмот Доктор Живаго. Додека живеела и работела во Франција, Тереза соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилер Беко и Рита Павоне.
Тереза четири пати ја наполнила париската Олимпија.

Таа се сретнала со неколку француски претседатели, а ова била нејзина прва средба со Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.