Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ пред неколку дена со неговата сопруга Ивана го добија четвртото дете. Како што пренесува „Убавина и здравје“, по повод раѓањето на новиот наследник, пејачот во еден познат ресторан во Скопје ги собра своите најблиски пријатели и направи забава за паметење.

Се разбира, на забавата највесел бил тато Ѓоко. Во едната рака чашката, во другата микрофонот, тој ги забавувал неговите гости до доцна во ноќта.

Новородениот син на Ѓоко и Ивана ќе се вика Дарин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.