Маја Оџаклиевска воопшто не се жали на периодот во изолација поради коронавирусот, иако до скоро воопшто не смееше да излезе од дома, а нејзиниот внук Лука на секое три дена имал аутистични напади. Спас од досадата внукот и бабата нашле во дворот, а волонтерите и соседите им биле од голема помош.

Имам тераса на која што често седам или во дворот кој што го средивме пред неколку години, тука сме целосно изолирани. Лука секој трет ден добива аутистични напади затоа што не му дозволувам да излезе од дворот. Немам како да му помогнам, не смее да оди надвор, побарав некој да го шета од волонтерите, но исплашени се да не го заразат, не можеш да знаеш што и како ќе се случи, рекла Маја, па додала дека Лука е прекрасно дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.