Актерот и шоумен Игор Џамбазов и неговата партнерка, алпинистката Илина Арсова веќе со месеци се една од најпопуларните двојки во Македонија.

По неколку месеци љубов, Игор реши да ја запознае Илина со татко му, композиторот и диригент, маестро Александар Џамбазов.

Игор сподели фотографијата од средбата направена на Водно.

Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада – напиша Џамбазов во опис на фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.