По завршувањето на првата сезона на „Задруга“, Луна Џогани од продукцијата доби 16 илјади евра, наместо договорените 40 илјади, затоа што за време на шоуто често добиваше казни, кои ѝ ги наплатија парично.

Затоа, пред почетокот на втората сезона, ќерката на Анабела и Гаги направи посебен договор со продукцијата „Пинк“, според кој тие нема да смеат да ѝ кратат од хонорарот, без разлика колку казни ќе добие во текот на неколкуте месеци додека е во куќата.

Покрај ова, таа имаше и повеќе бенефити од останатите учесници, како почесто слушање со своето семејство. Еднаш неделно Луна разговараше со својот психијатар, што беше доста корисно, имајжи предвид колку пати доживеа нервен слом пред камерите.

На останатите учесници им беше забрането да ја навредуваат по верска основа.

Интересно е што од продукцијата побарала еднаш неделно да ја посетува фризер, затоа што публиката во текот на првата сезона постојано ја критикувала за лошиот изглед.

На крај, Луна Џогани „Задруга“ ја напушта со заработени 120 илјади евра, поточно со заработка од 3 илјади евра неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.