Регионалната ѕвезда Јелена Розга од моментот кога стапна на музичката сцена и тргна во поход на нејзиното освојување, љубовниот живот го држеше подалеку од очите на јавноста.

Само во неколку наврати ги преминувала сопствените гранци и јавно зборувала за љубовниот живот. Но од почетокот на 2000 година во јавноста многу се шпекулираше за тоа дека Јелена и Тончи Хуљич, двајцата членови на култниот бенд Магазин, се во тајна врска.

Тие години медиумите во Хрватска на големо нагаѓаа за тоа какви тајни врски се наоѓаат меѓу нив, а тие избегнуваа да одговраат на прашањата кои се однесуваа на нивниот однос.

Тврдеа дека меѓу нив има строго деловна сорабoтка. Иако во време на поврзувањето со Розга, Тончи на големо беше во брак со Вјекослава Хуљич, која често пишувала песни за групата.

По градските кругови во 2000 година, кога излезе песната Суден ден, која ја испееја Дорис Драговиќ и групата Магазин, чиј текст го пишувала Вјелкослава, се тврдело дека наводно била посветена на Тончи поради неговата тајна, наводна врска со атрактивната пејачка која била ѕвезда во подем.

Животот тие месеци, Вјекослава наводно ги преточила во песна која брзо стана хит. Но никој од нив, ниту ги потврдил, ниту ги демантирал гласините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.