Кралицата на народната музика Лепа Лукиќ сѐ што стекнала во тестамент му го препишала на својот внук Радослав, но мислела и на својата мачка.

Внукот на пејачката ќе добие ресторан, два стана, куќа и патите на книшка, но само под еден услов – да се грижи за мачката Маза.

Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачката ако јас умрам пред неа. Радослав треба да ја чува Маза, да ја пази и мази и така ќе наследи сѐ што сум стекнала во текот на животот. Тоа сѐ стои во документот кој го чува мојот адвокат – изјавила Лепа.

Пејачката истакнала дека е многу поврзана за својата мачка која ја вдомила пред девет години, и дека ја доживува како член од семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.